Оркестарот на АРМ вечерва (17 декември) од 20:30 часот ќе одржи предновогодишен концерт во Филхармонијата со музичари од вооружените сили на Франција, Унгарија, Италија и САД.
На концертот, кој оваа година се одржува под мотото „Заедно посилни во хармонија на звуците“, ќе се изведе репертоар од Жорж Бизе, Јоханес Брамс, Џорџ Гершвин и Џоакино Росини, како и композиции од композитори од земјите на учесниците.
Концертот е во организација на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата.