ПРЕДВОДНИЦИТЕ НА ДОМАШНАТА ЕТНО СЦЕНА ВЕЧЕРВА НА ОФФ-ФЕСТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

По четири дена пауза, 19. издание на Офф-фест продолжува денеска со вечер посветена на домашната етно сцена.

Премиерен настап во живо ќе има дуото Добрила и Дориан, нов проект кој ги спојува пејачката на „Чалгија саунд систем“ Добрила Грашеска и основачот на „Стринг форсис“, Дориан Јовановиќ. Тие својата нова приказна ја опишуваат како „мека офанзива на амалгамизирање на гласот, утот, луповите и импровизацијата“.

По нив, сцената во Филхармонијата ја презема групата „Баклава“, која ја има презентирано својата музика низ цела Европа. „Баклава“ оваа година го издаде четвртиот студиски албум и нејзината последна постава брои седум членови, предводени од уникатниот вокал на Елена Христова.

Програмата почнува во 19 часот.