ВЕЧЕР ПОСВЕТЕНА НА ОПЕРСКИОТ ПЕЈАЧ ВОЈКАН ЈОВАНОВИЌ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во чест на оперскиот пејач Војкан Јовановиќ (1964–1999), на 8 јули од 21 часот во „Три кичен бар“ во Скопје ќе се одржи вечер посветена на неговите живот, уметност и трајно музичко наследство.

Јовановиќ беше долгогодишен солист на Операта и еден од најпрепознатливите басови на македонската оперска сцена. Со својот длабок и моќен глас остави значаен белег во домашната музичка култура, а настапуваше на најзначајните сцени во земјата и регионот.

Организаторите велат дека со настанот сакаат да му оддадат почит на уметникот и да потсетат на неговиот придонес кон македонската култура и уметност. Модератор ќе биде актерката Дарја Ризова, а ќе настапи оперската певица Наде Спасовска-Талевска..

„Настанот е отворен за сите почитувачи на ликот и делото на Војкан Јовановиќ, како и за љубителите на оперската и македонската музичка уметност“, велат организаторите.