По четири години активни настапи и регионални гостувања, Дина Јашари ова лето ќе ја одржи својата прва поголема турнеја низ Македонија, со концерти во седум градови.
Откако на 2 јули настапија пред „Дјуран Дјуран“ во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, Јашари и нејзиниот бенд продолжуваат на 11 јули во Кочани, 23 јули во Виница, 25 јули во Кичево, 5 август во Струга, 20 август во Битола, 4 септември во Вртешка и завршуваат на 17 септември во Штип.
Дина Јашари важи за една од највпечатливите авторски појави на современата македонска музичка сцена. Нејзиниот албум „Растенија без корен“ беше одлично прифатен и во Македонија и во регионот.