Ирската пејачка Рошин Марфи ќе биде главна ѕвезда на вечерашната забава „A1 World of Music“ пред арената „Борис Трајковски“ во Скопје, со која ќе се одбележи ребрендирањето на телекомуникациската компанија „оне.ВИП“ во „А1“.
Марфи, за која ова ќе биде трето гостување во Македонија, се прослави во 1990-ите како членка на електродуото „Молоко“, со кое издаде четири албуми. По распаѓањето на групата во 2004, таа продолжи со соло кариера, објавувајќи четири албуми, од кои последниот пред три години.
Освен Марфи, дел од овој настан ќе бидат и Каролина Гочева со Македонска филхармонија, Лозано, „Фанк шуи“ и германскиот диџеј Але Фарбен.
Влезот за настанот е бесплатен.