САШКО КОЦЕВ Е НОВ ВОДИТЕЛ НА ФЕСТИВАЛОТ ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Актерот Сашко Коцев ќе го води фестивалот Златно славејче, кој ќе се одржува на 16 и 23 ноември во Македонскиот народен театар. Во двата термина ќе има по три претстави: од 10, 14 и 17 часот.

Коцев за првпат ќе го води најстариот македонски детски музички фестивал, кој годинава се одржува по 54. пат. Откако се затвори Универзалната сала, каде што редовно пееја „славејчињата“, фестивалот се одржуваше најчесто во салата „Борис Трајковски“ и во Филхармонијата.

Фото: К. Попов