СЕ ПРОДАВААТ НЕОБЈАВЕНИ СНИМКИ ОД ЏИМИ ХЕНДРИКС, САМО КУПУВАЧОТ ЌЕ МОЖЕ ДА ГИ СЛУША

Лондон, (Гардијан)

Новооткриени и досега неслушнати снимки од песни на Џими Хендрикс ќе се продаваат на аукција, 54 години по смртта на легендарниот музичар.

Необјавените демо снимки од 1968 година, за кои се вели дека се многу различни во звук и должина од попознатите верзии, траат околу седум минути и се очекува секоја од нив да се продаде за сума до 200.000 фунти.

Купувачот ќе има привилегија да поседува песни од Џими Хендрикс што само тој ќе може да ги слуша. Има повеќе од 50 ретки снимки, не само од Хендрикс, туку и од други музичари и бендови“, изјави Марк Хокман, музички консултант во аукциската куќа „Пропстор“.

Колекцијата снимки ја продава Патриша Трикси Саливен, која била лична асистентка на менаџерот на Хендрикс, Мајк Џефери, од 1968 до 1973 година. По смртта на Џефери во 1973, извршителите ги собрале сите вредни предмети од неговата канцеларија во Лондон, но ги оставиле демо и мастер лентите, меѓу другите архивски материјали. Оттогаш, сѐ било во сопственост на Саливен и за снимките првпат се дозна во почетокот на оваа година.

(Фото: Редфернс)