Независната музичка издавачка куќа „Шарла рекордс“ одбележува 10 години постоење, период за кој беа објавени речиси 100 албуми. Прославата на јубилејот почнува вечерва со настапот на младата кантавторка Димитра на летната тераса на кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје (21 часот). Таа неодамна го издаде својот трет албум за „Шарла“, насловен „Работ на акција“.
„Шарла“ планира да го одбележи јубилејот со низа пригодни настани, концерти и промоции, што ќе се одвива под заедничкото мото „Шарла – 10 лета околу“.
„Во подготовка се книга со текстови посветени на нашите изданија, роденденска компилација, како и многу нови албуми, кои ќе ги проследиме со концертни промоции на различни локации низ Скопје“, најавуваат од „Шарла“.