СИМФОНИСКИОТ ОРКЕСТАР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЈЕИЛ СО КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ НА 11 МАРТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 11 март од 20 часот во Филхармонијата, концерт ќе одржи Симфонискиот оркестар на американскиот Универзитет Јеил.

Овој оркестар има одржано повеќе турнеи низ светот и соработува со познати музичари од класичната музика. Во Скопје доаѓа за првпат како дел од европската турнеја.

Се смета за еден од најважните младински оркестри во САД. Младите музичари кои членуваат во Симфонискиот оркестар на Јеил ја продолжуваат својата кариера во најпрестижните оркестри во светот, како филхармониите во Њујорк, Лос Анџелес и Лондон.

Диригент е маестро Вилијам Ботон, основач на Англискиот симфониски оркестар. На репертоарот се дела од Штраус, Моцарт, Копланд и Вилијамс. Билетите се продаваат преку мрежата на Мк тикетс.