„СКОПЈЕ КОЛИНГ“ ОВАА ГОДИНА СО ДОМАШНИ МУЗИЧКИ ИМИЊА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Фестивалот „Скопје колинг“ оваа година ќе биде посветен на најдоброто од домашната музичка сцена, објави организаторот „Авалон продукција“. Тој ќе се одржи на 12 септември на стадионот на АРМ.

Досега потврдените учесници на петтото издание на „Скопје колинг“ се „Фолтин“, „Ласт експедишн“ и „Плуто‘с даут“, а организаторите најавуваат уште едно изненадување, за што јавноста дополнително ќе биде известена.

Влезниците по цена од 600 денари ќе бидат пуштени во продажба утре.