Скопскиот панк бенд „Дисиз“ Disease) уште еднаш ќе тргне на голема турнеја, која ќе опфати најмалку 13 држави од централна и западна Европа. „Дисиз“ ќе го придружува американскиот бенд „No Fucker“ на турнејата насловена „Annihilate Your Desperation“, која ќе трае од 30 април до 30 мај. Засега се потврдени настапите во Германија, Скандинавија, Холандија, Белгија, Франција, Шпанија, Италија, Швајцарија, Австрија, Словачка и Чешка.
Малку македонски бендови и музичари можат да се пофалат со ваква концертна активност. „Дисиз“ ја обиколи Европа и во 2016 и 2019 и имаше закажано настапи во Мексико, што беше откажано поради пандемијата на ковид-19.
(Фото: Фејсбук)