„СКОПСКО ЛЕТО“ СЕ ОТВОРА ВЕЧЕРВА СО ПРВИОТ КОНЦЕРТ СРЕДЕ ЕПИДЕМИЈАТА НА КОРОНАВИРУСОТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Со концертот „Скопје во три бои“, вечерва се отвора 41. издание на манифестацијата „Скопско лето“ и тоа ќе биде прв музички настан со присуство на публика откако почна кризата со коронавирусот.

Тој ќе се одржи во Сули ан, во Старата скопска чаршија, со почеток во 20:30 часот и согласно протоколот, бројот на посетители ќе биде ограничен, на влезот ќе им се мери телесната температура и ќе мора да се носи маска и да се држи физичка дистанца.

Репертоарот на концертот ќе го изведат Душко Георгиевски (вокал и флејта), Ратко Даутовски (удирачки инструменти), Емил Адамски (кавал и акустичен бас), Бајса Арифовска (пијано, тамбура, виолина и кларинет) и Благоја Алачки (гитара).