Словенечкиот инди-рок бенд „Џокер аут“ ќе одржи концерт во Скопје на 29 јуни на Стадионот на АРМ во Градски парк, објави „Авалон“.
„Џокер аут“ е петчлен бенд формиран во 2016. Jа претставуваше Словенија на Евровизија во 2023 и досега има издадено три албуми. Концертот е во рамките на фестивалот „Скопје колинг“.
Претходно, „Авалон“ објави дека пионерите на трип-хопот „Масив атак“ се враќаат во Македонија по 15 години пауза и ќе настапат во рамките на истиот фестивал на Стадионот на АРМ на 28 јуни.
На 22 август, на истото место концерт ќе одржи славниот австралиски музичар Ник Кејв. Тој доаѓа во Македонија во рамките на неговата соло турнеја, без бендот „Бед Сидс“, а ќе го придружува само басистот на „Редиохед“, Колин Гринвуд.
Билетите се сите концерти се продаваат преку мрежата на karti.com.mk и на avalonbooking.mk.