СМОКЕ МАРДЕЉАНО ГО МЕНУВА ЕДО МАЈКА НА ТАКСИРАТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Едо Мајка го откажа настапот на претстојниот фестивал Таксират и како негова замена доаѓа Смоке Мардељано, уште една голема балканска хип-хоп ѕвезда. Од „Пасворд продукција“ кажаа дека босанскиот музичар не е во можност да дојде од оправдани причини, а тој преку видеопорака им се извини на македонските фанови.

Смоке Мардељано, чие вистинско име е Милош Стојановиќ, ѝ е исто така добро познат на македонската публика. Дете на белградскиот асфалт, Смоке досега има објавено четири албуми.

Со ова се дефинираше листата учесници на 26. Таксират, што ќе се одржи на 7 декември во арената „Борис Трајковски“, кога ќе настапат и Хот Синс 82, „Рејксоп“, Бејби Лазања, „Партибрејкерс“, „Прти Би Џи“, „Елементал“…

(Фото: Фејсбук)