Тејлор Свифт сподели видеа од зад сцената на нејзината турнеја „Ерас“ во новиот спот за нејзината нова песна „I Can Do It With a Broken Heart“.
Наместо традиционално музичко видео, Свифт се одлучи за видеа од пробите за концертите зад сцената.
Видеото започнува со доаѓање посетителите на концертот кои влегуваат во празен стадион и снимка на која се гледа како Свифт се движи на сцената.
Има и снимка од Свифт како седи во количката за чистење за која фановите долго време шпекулираа дека таа излегува на сцената од неа без да ја забележат.
„Толку сум депресивна, се однесувам како да ми е роденден секој ден“, пее таа а во позадина играат танчарите.
Видеото се појави на 20 август, веднаш откако Свифт го затвори последниот од петте концерти на стадионот Вембли во Лондон. Спотот исто така, го означи крајот на европскиот дел на турнејата „Ерас“.
Свифт има пауза до 18 октомври, кога ќе ја продолжи последната северноамериканска етапа од нејзината турнеја во Мајами.