Викторија Бекам нема да биде дел од „Спајс грлс“, кои најавија враќање на музичката сцена наредната година.
43-годишната дизајнерка и сопруга на фудбалската ѕзезда Дејвид Бекам не сака да има ништо со обединувањето на популарната женска група од 90-ите, бидејќи е посветена на семејството и на нејзинот моден бренд.
„Викторија има прекрасни спомени од времето поминато како дел од ‘Спајс грлс’, но во иднина сака да се фокусира на нејзината кариера како моден дизајнер и на семејството. Приказните дека Викторија ќе биде дел од обединувањето на групата се ништо повеќе од таблоидни невистини“, изјави нејзиниот претставник за односи со јавност.
Медиумите во Англија пишуваа дека петте членки на групата од летово тајно се подготвуваат за враќањето на музичката сцена, кое треба да се случи во 2018 година, со издавање на нов албум.