Сите три земји од поранешна Југославија, Србија, Хрватска и Словенија, влегоа во финалето на Евровизија по учеството во првата полуфинална вечер на 68. по ред музичко натпреварување кое годинава се одржува во Малме, Шведска.
Од 15-те земји учеснички, во финалето влегоа десет, а освен Теја Дора од Србија, Бејби Лазања од Хрватска и Вероника од Словенија, в сабота ќе настапат и Португалија, Украина, Литванија, Финска, Кипар, Ирска и Луксембург. За учесничката од Ирска, Бамби Реј Робинсон, имаше најлоши критики на социјалните мрежи поради необичниот сценски настап кој беше наречен „хорор филм“.
Луксембург се врати во натпреварувањето за првпат по 1993. Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора не учествуваат поради финансиски причини.
Во второто полуфинале, кое ќе се одржи в четврток, ќе пеат Албанија, Ерменија, Австрија, Чешка, Данска, Грција, Малта, Швајцарија, Белгија, Естонија, Грузија, Израел, Латвија, Холандија, Норвешка и Сан Марино.
Фото: Претставникот на Хрватска, Бејби Лазања