Српскиот бенд „С.А.Р.С.“ ќе биде главната ѕвезда на музичкиот настан „Скопје се лади“, што ќе се одржи на 8 јуни на стадионот на АРМ во Градски парк.
„Скопје добива нова форма на музичко изразување и ноќ посветена на љубителите на добрата музика со три концерти кои истовремено ја оживуваат енергијата со драм ен бејс, рап, реге и балкански звук“, вели организаторот „44 ЕвентМк“.
Како што вели и името на настанот, ќе има три концерти во една ноќ. Вечерта ќе ја отвори бендот „Брас брадерс“, па следува настапот на раперот Тајзи. За крај, 90-минутен концерт ќе одржи „С.А.Р.С.“.