Еден од омилените британски музичари Стинг следната пролет се враќа во Македонија, речиси две години по експресно распродадениот концерт во салата „Борис Трајковски“.

Овојпат, сцената ќе биде многу поголема, бидејќи 67-годишниот Стинг ќе настапи на стадионот „Филип Втори“, а терминот е 2 јуни.

Гордон Самнер, на светот попознат како Стинг, по вторпат ќе ја посети Македонија во рамките на турнејата „Мои песни“, а концертот ќе биде дел од фестивалот „Скопје колинг“. Оваа турнеја е замислена како избор на неговите најголеми хитови, што ќе ги опфати периодите на „Полис“ и на соло кариерата.

Организаторот „Авалон продукција“ додаде дека влезниците ќе бидат пуштени во продажба в среда, а нивните цени ќе бидат објавени вечерва во 21 часот.