„Пасворд продукција“ планира да ги рестартира своите концертни активности, најавувајќи го настапот на пионерот на трип хопот Трики во рамките на 23. издание на фестивалот Таксират.
Британскиот музичар ја вклучи Македонија во својата годинашна европска турнеја, а концертот ќе се одржи на 7 октомври во Младински културен центар во Скопје. Тоа би било негово второ гостување во Македонија, откако и во декември 2014 беше дел од Таксират на Скопски саем.
Овојпат доаѓа за да го претстави својот најнов, 14. студиски албум „Fall to Pieces“, објавен лани, а снимен по трагичната смрт на неговата ќерка Мина Мејзи, која изврши самоубиство во 2019.
Продажбата на картите почнува на 5 мај.