Една од најголемите ѕвезди на светската техно сцена Борис Брејча првпат ќе настапи во Македонија во рамките на 23. издание на фестивалот Таксират, чија главна вечер ќе се одржи на 7 декември во арената „Борис Трајковски“. Триесет и деветгодишниот германски диџеј и продуцент го опишува својот стил како хајтек минимал, а негов заштитен знак е венециската карневалска маска, што ја носи на настапите.
Брејча зад себе има шест студиски албуми и настапи на најголемите светски фестивали.
Претходно, како учесници на 23. Таксират беа потврдени српската рок група „Партибрејкерс“, легендарните македонски металци „Санаториум“ и германската диџејка Ен Клу, која е долгогодишна соработничка на Брејча.
Почетната цена на картите е 500 денари.