Македонија вечерва, по седум години пауза, ќе биде дел од финалето на Евровизија. Тоа го овозможи Тамара Тодевска, чија песна „Горда“ успешно ја помина втората полуфинална вечер во четвртокот.
- Тамара ќе пее осма по ред во финалето.
- Прва ќе настапи Малта, а Шпанија е на крајот од долгата вечер, која брои 26 песни.
- Ова ќе биде прв настап на Македонија во финалето од 2012 година, кога нè претставуваше Калиопи со песната „Црно и бело“.
- Најдобриот пласман го држи Елена Ристеска, која беше 12-та со песната „Нинанајна“ на натпреварувањето во Грција во 2006 година.
- Тамара по вторпат учествува на Евровизија, но во 2008 во Белград настапи заедно со Врчак и Адријан Гаџа.
- Се проценува дека вечерашното финале ќе го гледаат 200 милиони луѓе низ цел свет.
- Специјална гостинка ќе биде поп кралицата Мадона, која ќе отпее две песни во пресрет на гласањето. Таа ќе ги изведе класикот „Како молитва“ и новиот сингл „Иднина“ со американскиот рапер Кваво, при што ќе ја придружува и 35-член хор.