ТЕА ТРАЈКОВСКА СО НАГРАДА НА ФЕСТИВАЛ ВО ЦРНА ГОРА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Младата пејачка Теа Трајковска во Црна Гора доби признание за позитивно медиумско влијание во Македонија. Наградата ѝ беше врачена во рамки на манифестацијата „Бизнис бит конференс 2026“, во организација на УМПЦГ.

Посебен момент на вечерта беше нејзината изведба на „Македонско девојче“, со која, како што велат од тимот на пејачката, добила голем аплауз.

Таа неодамна во дует со Христијан Тасковски-Таско го објави синглот „Луда“.

„’Луда’ е динамична поп-рап песна со дијалог помеѓу двајцата пејачи, каде што централниот мотив е заемната привлечност и емоционалната поврзаност. Рефренот е едноставен и лесно се памети“, рекоа Теа Трајковска и Таско.