ТЕЈЛОР СВИФТ ПРОДАДЕ РЕКОРДНИ 1,2 МИЛИОНИ ПЛОЧИ ВО САД ЗА ЕДНА НЕДЕЛА

САД, (Би-Би-Си)

Новиот албум на Тејлор Свифт „The Life of a Showgirl“ го сруши американскиот рекорд, продавајќи 1,2 милиони плочи за една недела. Албумот се продаде во вкупно 2,7 милиони примероци на 3 октомври кога излезе, што е нејзин личен рекорд.

Само албумот „25“ на Адел оствари подобар резултат, со продадени 3,3 милиони примероци во првата недела во 2015.

И досегашниот рекорд за најмногу продадени плочи во една недела го држеше Свифт, откако нејзиниот претходен албум се продаде во 859.000 примероци.

Бројките на Свифт се уште поимпресивни ако се има предвид дека продажбата на албуми е во постојан пад. Новиот албум на Ед Ширан се продаде во 67.000 примероци кога излезе минатиот месец.

Свифт доминираше и на киноблагајните овој викенд откако нејзиниот 89-минутен филм заработи 46 милиони долари. Проекциите вклучуваат нов музички спот, снимки од снимањето на албумот и коментари на Свифт за песните.