ТОНИ ЗЕН, МАЈА САЗДАНОВСКА И АДРИАН ГАЏА, ГОСТИ НА КОНЦЕРТОТ НА ЈОВАН ЈОВАНОВ И ЕЛВИР МЕКИЌ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Тони Зен, Маја Саздановска, Пајак и Адријан Гаџа ќе бидат дел од гостите на концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ, кој ќе се одржи на 6 јуни во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Од Србија, гости ќе бидат Слаѓа Делибашиќ и Џус.

„Ќе има и специјален гостин како изненадување, чие сценско име започнува на буквата В. Настанот е насловен ‘Сензација во бело’, а публиката е повикана да го испочитува правилото за облекување и да дојде во бело, со што ќе се создаде уникатна атмосфера во салата“, велат организаторите.

Поп-пејачите претходно рекоа дека на концертот ќе им дадат шанса на млади танчари да заиграат со нив на сцената. При крајот на април се одржа аудиција за сите кои имаат талент за играње, а имаат над 17 години. Ќе се игра на две песни, а танчарите избрани преку аудицијата ќе бидат дел од сценското шоу.

Билетите за концертот се продаваат преку мрежата на МК тикеткс.