Торино ќе биде домаќин на следното издание на Евровизија, која се враќа во Италија по цели 31 година. Италија се здоби со правото да ја организира Евровизија во 2022 по победата на групата „Манескин“ на годинашното издание, кое се одржа во Ротердам по една година одложување поради пандемијата.

Настанот, кој оваа година привлекол 190 милиони гледачи преку телевизија и интернет, ќе се одржи во арената „ПалаОлимпико“, а финалната вечер е закажана за 14 мај.

Италија претходно беше домаќин на Евровизија во 1965 во Неапол и во 1991 во Рим. Торино сега победил на наддавањето во кое што учествувале 16 градови.