Култниот скопски рокенрол бенд „Тотално опуштање“ ќе прослави три децении постоење со концерт во Младински културен центар. Тој ќе се одржи на 28 декември во бифето на кино Фросина, а влезниците чинат 300 денари.
„Тотално опуштање“ е еден од најактивните бендови на македонската рок сцена и за овие 30 години има објавено осум студиски албуми, додека фронтменот Марјан Китановски и тапанарот Ристо Јанковски-Љац останаа константните членови.
„Триесет години активна работа, дружење, осум албуми, еден куп концерти, непроспиени ноќи… и нема застанување“, се вели во најавата на концертот насловен „Поштени шизици“, на кој ќе има и гости.
(Фото: Фејсбук/С. Рајхл)