ТРЕТ КОНЦЕРТ НА ПЕТАР ГРАШО ВО СКОПЈЕ НA 29 АПРИЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Петар Грашо ќе одржи и трет концерт во Скопје, во Филхармонијата на 29 април, по распродавањето на првите два на 26 и 27 април, објави продукцијата „Прагма“.

Хрватскиот кантавтор во Скопје ќе настапи со симфониски оркестар и ќе ги пее своите најголеми хитови. На повеќето од неговите концерти тој пее и песни од легендарниот Оливер Драгојевиќ.

Драгојевиќ бил пријател со семејството на Грашо и му помогнал на пејачот како помлад да ја избере музиката, откако претходно се занимавал со кошарка. Грашо на 16 години ја напишал песната „Божица“, со која Драгојевиќ настапи на фестивалот Дора во 1995. Потоа ја започна соло кариерата.