ТРИ ДЕНА ПИВО ФЕСТ ВО ПРИЛЕП СО МАКЕДОНСКИ И БАЛКАНСКИ МУЗИЧАРИ

Прилеп, (СМАРТ СДК.МК)

Од 9 до 11 август во Прилеп ќе се одржи традиционалниот пиво фест, сега со сменето име Прилепски викенд на пивото, (Prilep Beer Weekend). Ќе настапат близу 20 музичари од Македонија и Балканот“, најавија од продукцијата „Евент груп“.

На 9 август ќе настапат Бојана Скендеровски, српската група „Ван Гог“, диџеј Марио и Наум Петрески. Следниот ден на прогрмата се Том Нови, Огнен Здравковски, Таско и „Суперхикс“ (фото), кои годинава слават 30 години кариера. На 11 август настапуваат диџеј Боно, „Амадеус бенд“, Сања Вучиќ и Миле Кузмановски.

Настанот ќе се одржува на централниот плоштад во Прилеп, на површина од околу 3.000 квадратни метри. Работното време на Чаршијата и на угостителските објекти во трите фестивалски дена ќе биде продолжено за два часа.