Еден од пионерите на трип хопот Трики ги откажа сите преостанати концерти од европската турнеја, вклучувајќи го и сколскиот, најавен за 12 мај. Од „Пасворд продукција“ кажаа дека концертите се откажани од лични причини.
Британскиот музичар првично требаше да настапи во Скопје во октомври минатата година, но пандемијата ги измени тие планови.
Ова требаше да биде негово второ гостување во Македонија, откако во декември 2014 беше дел од Таксират на Скопски саем. Турнејата следеше по излегувањето на неговиот 14. студиски албум „Fall to Pieces“ во 2020, снимен по трагичната смрт на неговата ќерка Мина Мејзи, која изврши самоубиство во 2019.