ЦЕЛОВЕЧЕРНА ПРОСЛАВА НА ДИСКО МУЗИКАТА НА НАСТАНОТ „ДИСКО ПРИНЦИП“ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва (20 септември) во мултимедијалниот простор „Котур“ во Скопје ќе се одржи настан со диско музика, наречен „Диско принцпип“.

Во живо настапуваат Македонка, дуото Пепи и Шабан и Тодор Караколев, а музика ќе пуштаат Јоана Ристеска и Стефан Алијевиќ. Колективот „Партизанска штампа“ ќе се претстави со интервенција во простор насловена „Ненаситен дисколаж“.

Настанот го организира Гете институтот во Скопје, во соработка со „Партизанска штампа“, „5060“ и „Канал 103“.