„ВАРИЈАЦИИ“ НА ТРПЧЕСКИ МЕЃУ АЛБУМИТЕ НА ГОДИНАТА ВО ИЗБОРОТ НА БРИТАНСКИОТ МАГАЗИН „ГРАМОФОН“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Британскиот музички магазин „Грамофон“ го вброи албумот „Варијации“ на Симон Трпчески меѓу најдобрите солистички пијано албуми на годината. Неговата изведба на два сета варијации на Бетовен се најде и на листата најдобри изведби на дела од големиот германски композитор во 2022 година, информира здружението за култура и уметност КултурОп.

Албумот го објави британската издавачка куќа „Лин рекордс“ во март годинава, а на него, Трпчески се претставува со ретко изведувани дела од Моцарт, Бетовен и Брамс.

„Трпчески на овој прекрасен албум ги истражува и очигледно ужива во тројцата мајстори на варијациите, Бетовен, Брамс и Моцарт“, истакнува „Грамофон“.