„ВОНДЕР ВУМАН 2“ ЗАРАБОТИ САМО 38,5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОТКАКО ДОЈДЕ ВО КИНАТА

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Продолжението на „Вондер Вуман“ заработи само 38,5 милиони долари откако овој викенд почна да се прикажува во 39 земји. Речиси половина од оваа сума доаѓа од Кина, каде што „Вондер Вуман 1984“ заработи 18,8 милиони долари на киноблагајните.

Заработката на филмот неизбежно е погодена од пандемијата на коронавирусот, која ги затвори кината во голем број земји. Во кината во САД ќе почне да се прикажува на 25 декември, од кога ќе може да се гледа и преку стриминг сервисот „Ејч-Би-О макс“.

Првиот дел на „Вондер Вуман“ од 2017 година заработи 822 милиони долари.

Ова е само втор блокбастер што игра во кината откако почна пандемијата, при што „Тенет“ на Кристофер Нолан успеа да заработи 362 милиони долари. „Дизни“ одлучи да не објави ниеден филм со суперхерои на „Марвел“ оваа година.