Дуке Бојаџиев (пијано), Крсте Роџевски (вокал) и Исмаил Лумановски (кларинет) ќе одржат концерт на 16 февруари во Филхармонијата, што ќе биде нивни прв заеднички настап по девет години пауза. Најавено е дека на програмата ќе бидат авторски композиции и преработки на македонска изворна музика во ново уникатно издание, со интимен карактер и модерна аранжманска структура и изведба.
Влезниците ќе бидат во продажба од утре (24 јануари) по почетна цена од 1.200 денари.
Концертот ќе биде спој на тројца врвни музичари кои истовремено се успешни на меѓународната сцена. Она што дополнително ги поврзува Бојаџиев, Роџевски и Лумановски е што долги години живеат и работат во Њујорк.