ЖЕНСКИОТ ГУДАЧКИ КВАРТЕТ „ДЕСТИНИ“ ЌЕ НАСТАПИ ВО СКОПЈЕ ПО ЕВРОПСКАТА ТУРНЕЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Женскиот гудачки квартет „Дестини“ од Бугарија ќе одржи концерт во Скопје на 18 април во Филхармонијата. „Дестини квартет“ е меѓународен музички проект кој соработува со аранжерот Маурицио Абени, кој соработува со светски познатиот италијански тенор Андреа Бочели.

Квартетот свири преработки на светски познати хитови, а во Скопје ќе одржи двочасовен концерт, најави „МГ продукција“. Квартетот доаѓа во Скопје по настапите во Австрија, Франција и Велика Британија.

„Ќе гледаме двочасовно концертно шоу со интересна кореографија и впечатливи визуелни ефекти“, велат од продукцијата и најавуваат и гости на концертот.

Билетите се во продажба преку мрежата на Мк тикетс.