ЅВЕЗДАТА НА САКСОФОНОТ КЕНДИ ДАЛФЕР ЌЕ НАСТАПИ ВО СКОПЈЕ НА 8 АПРИЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Холандската џез и поп саксофонистка Кенди Далфер ќе настапи во Филхармонијата на 8 април, објави „Авалон продукција“, при што ќе биде придружувана од својот деветчлен бенд.

Педесет и тригодишната Далфер свири саксофон од седумгодишна возраст и е главно самоука музичарка, но и покрај тоа, стана вистинска светска ѕвезда на овој инструмент. За дебитантскиот албум „Сексуалност“ од 1990 беше номинирана за Греми награда, а има соработувано или настапувано со имиња како Принс, Ван Морисон, „Пинк Флојд“, Мадона и Дејв Стјуарт, со кого го сними големиот хит „Lily Was Here“. Во кариерата има објавено 13 албуми, од кои последниот излезе лани.

Заедно со својот бенд, Далфер ќе му приреди на Скопје ексклузивен и интимен концерт, но и енергично и возбудливо џез-поп-фанк шоу“, најавуваат од „Авалон“.

(Фото: Фејсбук)