ЗВУЦИТЕ НА ЕСТОНСКИОТ КАНЕЛ И ЗАРИНА ПРВАСЕВДА ВЕЧЕРВА НА 22. ОФФ-ФЕСТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК

Дваесет и второто издание на Офф-фест продолжува вечерва со два концерта во Националната опера и балет, почнувајќи од 20 часот.

На сцената прво ќе излезе естонската пејачка Мари Калкун, која на македонската публика ќе ѝ го претстави звукот на канелот, што е традиционална естонска цитра.

„Нејзините слободни музички аранжмани во основа ги детерминира звукот на канелот. Сепак, во преден план е гласот на Калкун, кој во исто време е меланхоличен и радосен, нежен и спокоен“, стои во најавата на концертот.

Следниот месец ќе излезе нејзиниот шести соло албум „Stories of Stonia“, кој ги поврзува древните митови, руно песните и современата поезија, напишана на еден од најстарите светски јазици, виру.

Зарина Првасевда, која настапува од 22 часот, во изминатите две-три години е неизбежно име на домашните музички настани. Лани го издаде својот деби албум за хрватската издавачка куќа „Кроација рекордс“, кој содржи 11 традиционални песни на четири јазици. Нејзините вокални техники се темелат на источноевропските традиции.