РЕАЛ МАДРИД ЌЕ ПЛАТИ НАЈМАЛКУ 103 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА АНГЛИСКАТА ЅВЕЗДА ЏУД БЕЛИНГАМ

Мадрид, (Би-Би-Си)

Реал Мадрид се согласи да ѝ плати 103 милиони евра на Борусија Дортмунд за младата англиска ѕвезда Џуд Белингам. Деветнаесетгодишниот Белингам дојде во Борусија од Бирмингем сити во 2020 за 25 милиони фунти и важи за еден од најголемите европски таленти.

Тој ќе пристигне во Мадрид на лекарски прегледи во следните денови, по што ќе потпише шестгодишен договор. Борусија го потврди трансферот, кој со разни додатоци би можел да изнесува 133,9 милиони евра.

Најдобриот играч во Бундеслигата оваа сезона ќе стане вториот најскап англиски фудбалер (зад Џек Грилиш) и втор најскап играч во историјата на Реал Мадрид (зад Еден Азар). Белингам, за кого силно беа заинтересирани и Манчестер сити и Ливерпул, оваа сезона имаше учинок од 14 гола и седум асистенции на 42 натпревари.