НА 8 МАЈ ВО МНТ ПРЕМИЕРА НА ДЕТСКАТА ПРЕТСТАВА „ЖИВА ДОСАДА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
На 8 мај од 18 часот, во Македонскиот народен театар (МНТ) ќе премиерно ќе се изведе претставата „Жива досада“, авторски проект на актерките Билјана Јовановска, Изабела Јакимова и Нина Деан, во режија на Билјана Јовановска.
Во претставата играат: Гоце Андонов, Нина Деан, Изабела Јакимова, Јана Вељановска и Билјана Јовановска. Темата на претставата е досадата на децата во денешното време и авторите ги охрабруваат децата и родителите да ги остават да им биде здодевно, без да ги окупираат со разни обврски. Претставата ги охрабрува децата да веруваат во магијата на играта и да научат да комуницираат вербално помеѓу себе.
Сценографијата е на Мартин Манев, музиката на Оливер Митковски, костимографка е Валентина Чонкова, а кореографка е Нина Деан. Претставата е наменета за публика над пет години.
Следната изведба е на 9 мај од 18 часот, а билетите се веќе пуштени во продажба.
Претставата е во продукција на МНТ и е финансирана од сопствени средства.