НА ТЕНИСОТ МУ ТРЕБА НОВА ГЕНЕРАЦИЈА, КАЖА ЈАНИК СИНЕР ПО ТРИУМФОТ НА ОТВОРЕНОТО ПРВЕНСТВО НА АВСТРАЛИЈА

Мелбурн, (Ројтерс)

Јаник Синер не прогласи крај на „големата тројка“ откако ја освои својата прва гренд слем титула на Отвореното првенство на Австралија, но призна дека на тенисот му треба нова генерација шампиони.

Тој е првиот освојувач на Австралијан опен во последните десет години кој не се вика Новак Ѓоковиќ, Роже Федерер или Рафаел Надал, кои доминираа во спортот во изминатите две децении. Федерер веќе се повлече, Надал најави крај, па од големата тројка остана само Ѓоковиќ да им пркоси на младите.

Непредвидливо е што носи иднината, но убаво е да се биде дел од оваа генерација. Мислам дека нова генерација е нешто што му е потребно на овој спорт“, изјави 22-годишниот Синер, најмладиот победник во Мелбурн од Ѓоковиќ во 2008.

Неговиот триумф дојде половина година откако 20-годишниот Карлос Алкарас го победи Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон.

Не сакам споредби, Ѓоковиќ е посебна лига. Среќен сум што го освоив овој трофеј и ќе видиме што следува. Има уште многу работа“, искрен е Италијанецот, кој потекнува од северниот регион Јужен Тирол.