НАЧЕВСКИ И НИКОЛОВ ГО СУДАТ РАКОМЕТНОТО ФИНАЛЕ ВО ТОКИО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се избрани да го судат финалето на машкиот ракометен турнир на Олимписките игри во Токио, во кое за златото ќе се борат Франција и Данска.

Тоа е големо признание за најдобриот македонски ракометен судиски тандем, нешто што не им успеа и на Марјан и Драган Начевски кога беа на врвот на кариерата. Ова следува година и пол откако тие го водеа финалето на Европското првенство за ракометари во Австрија, Норвешка и Шведска.

Начевски и Николов претходно беа дел и од Олимписките игри во Лондон во 2012 и во Рио де Жанеиро во 2016 година.