НАДАЛ НАВЕСТИ КРАЈ НА КАРИЕРАТА ПО ЕЛИМИНАЦИЈАТА ОД ОЛИМПИЈАДАТА ВО ПАРИЗ

Париз, (Гардијан)

Рафаел Надал и Карлос Алкарас дојдоа на Олимписките игри во Париз како најголемата атракција на тенискиот турнир, но изгубија од Американците Краичек и Рам во четвртфиналето. Надал не сакаше да зборува отворено за својата иднина по овој пораз, но ова би можело да биде негово збогување со терените каде што 14 пати го освои Ролан Гарос.

Потоа откри дека веројатно нема да игра на Ју-Ес опен, со што навести дека крајот на неговата кариера е близу,

Мислам дека нема да играм на Отвореното првенство на САД, но наскоро ќе го дознаете тоа. Во моментов не можам да дадам јасен одговор, ми треба време“, изјави Надал.

Тој ја отфрли можноста да продолжи да игра во двојки со Алкарас.

Тоа нема да се случи. Можеби да бев помлад десетина години. Ќе видиме дали ќе продолжам да играм и турнири“, рече Надал.

Тој е пријавен за Лејвер купот во Берлин во септември, две години откако Роже Федерер таму ги одигра последните мечеви во кариерата.

(Фото: Гети)