Шефот на „Амазон“ и најбогат човек на светот Џеф Безос се разведува од сопругата Мекензи по 25 години брак. Тие ја објавија оваа вест во заедничка изјава на Твитер.
„По долг период на истражување на љубовта и пробни разделби, решивме да се разведеме и да ги продолжиме нашите животи како пријатели. Имавме прекрасен живот заедно и пред нас е прекрасна иднина како пријатели, родители и деловни соработници“, се вели во изјавата.
Ова уследи само неколку дена откако „Амазон“ го надмина „Мајкрософт“ и стана највредна компанија на светот.
Безос го основал „Амазон“ во 1994 година и го направи гигант за онлајн продажба, а тој самиот стана најбогат човек на планетата, што „Блумберг“ го проценува на 160 милијарди долари.
Безос и 48-годишната писателка имаат четири деца, од кои едно посвоено.