По четирите сезони од „Томи и Џиџи“, модниот дизајнер Томи Хилфигер ја најави соработката со 22-годишната американска пејачка и актерка Зендаја. Новата колекција на дуото ќе биде промовирана на 2 март на Париската модна недела.

Лани, Хилфигер ја претстави есенската колекција со Луис Хамилтон во Шангај, а претходно, четири сезони работеше на дизајните со топ-моделот Џиџи Хадид.

Џиџи Хадид и Томи Хилфигер на нивната последна соработка во Милано (Фото: Гети)

Модниот бренд ја најави Зендаја како нова амбасадорка и кодизајнер во октомври. Покрај соработката на колекцијата, актерката ќе учествува и во глобалната кампања за пролет 2019.

„Сакам да соработувам со личности кои страствено и посветено работат на остварување на нивните соништа и кои се инспирација за идните генерации. Зендаја стана светска икона и користејќи ја модата, изразува јасни ставови и секогаш останува доследна на себеси. Оваа колекција ќе го спои нејзиниот разновиден стил со американскиот дух на нашиот бренд“, стои во изјавата на Хилфигер.