НАЈДОБРОТО ДОПРВА СЛЕДУВА, ВЕЛИ ВАСИЛ ГАРВАНЛИЕВ ОТКАКО НЕ СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО ФИНАЛЕТО НА ЕВРОВИЗИЈА

Скопје. (СМАРТ СДК.МК)

Васил Гарванлиев изјави дека Евровизија е само почеток на едно неверојатно патешествие откако синоќа не успеа да се пласира во неделното големо финале во Ротердам со песната „Стојам тука“ (Here I Stand). Македонија е една од шесте држави кои го завршија настапот во првото полуфинале, покрај Австралија, Хрватска, Ирска, Словенија и Романија.

„Ова беше историски момент. И повеќе од тоа, мојата приказна. Застанав на таа сцена со цел гордо да ја претставувам Македонија и пеев за сите нас. Благодарен сум и горд и ова е само почеток на едно неверојатно патешествие. Стојам тука за вас, најдоброто допрва следува“, напиша Гарванлиев на Фејсбук.

Откако пред две години беше придружен вокал на Тамара кога Македонија го оствари најдобриот резултат досега, Гарванлиев оригинално требаше да настапи лани со песната „Ти“, но коронавирусот ја одложи Евровизија.

Второто полуфинале е утре.