Најстарата лама на светот им прави друштво на деца со разни заболувања во камп во Северна Каролина, САД. Со 27 години и над 250 дена, ламата Вајтоп неодамна ја надмина Далај Лама, која според Гинисовата книга на рекорди беше најстарата лама.
Вајтоп дошла како донација во кампот Виктори Џанкшн во 2006, две години откако автомобилистот Кајл Пети го основал кампот во чест на неговиот син Адам, кој загинал на 19 години во 2000 додека се подготвувал за трка. Кампот е наменет за деца болни од рак, бубрежни и срцеви заболувања, церебрална парализа и со разни невролошки и физички попречености.
„Вајтоп е познат по неговите смиреност и милина. Лежи мирно додека децата го галат, што им дава чувство на комфор. Им помага да се ослободат и да комуницираат со него. На почетокот може да изгледа некако застрашувачки, но штом ќе дојдат кај него, сфаќаат колку е сладок“, вели Били Дејвис, директорката на кампот.
(Фото: АП)