НАЈСТАРИОТ ФУДБАЛЕР НА СВЕТОТ КАЗУЈОШИ МИУРА ПОТПИША НОВ ДОГОВОР НА 56 ГОДИНИ

Португалија, (АП)

Најстариот професионален фудбалер на светот заклучи дека сѐ уште не е доволно стар за да престане да игра. Педесет и шестгодишниот Казујоши Миура ќе игра уште една сезона за португалскиот второлигаш Оливеиренсе, за кој настапува од февруари како позајмен фудбалер од Јокохама.

Како најстариот играч во историјата на португалскиот фудбал, тој настапи на три средби минатата сезона.

Миура ја почнал кариерата во бразилскиот тим Сантос во 1986, по што играше за други клубови од Бразил, како и во Јапонија, Италија, Хрватска и Австралија. За јапонската репрезентација има постигнато 55 гола на 89 средби.

Миура претходно најави дека сака да игра до својата 60. година.

(Фото: АП)

.