Британската актерка Џуди Денч изјави дека веќе не може да излегува сама од дома поради влошени проблеми со видот. Легендарната 90-годишна актерка има макуларна дегенерација, болест на окото каде се замаглува централниот вид.
„Некој мора постојано да биде со мене. Не гледам. Или ќе се удрам во нешто или ќе паднам. Ова ми е супер изговор за веќе да не морам да седам сама и да имам друштво“, рече таа во еден подкаст.
Денч во 2023 изјави дека ќе работи колку што може, и покрај здравствените проблеми.
„Не гледам убаво кога сум на филмски сет, ниту пак можам да читам. Но, знаете, мора да се помирите со тоа и да продолжите со работа“, изјави актерката, чија кариера почнала во 1950-тите.
(Фото: АП)