ОБЈАВЕНИ ОФИЦИЈАЛНИТЕ ФОТОГРАФИИ ОД КРАЛСКАТА СВАДБА

Лондон, (Би-Би-Си)

Војводата и војвотката од Сасекс, како што се новите титули на принцот Хари и Меган Маркл, ги објавија првите официјални фотографии од нивната свадба, што се одржа во неделата, а била гледана од 11 милиони Британци.

Тие се дело на Алекси Лубомирски, кој беше задолжен и за официјалните фотографии од свршувачката на новата кралска двојка.

„Ми претставуваше неверојатна чест да го документирам инспиративното љубовно патување на војводата и војвотката од Сасекс. Тоа беше прекрасно поглавје од мојот живот, што никогаш нема да го заборавам“, изјави Лубомирски, кој, исто така, беше меѓу гостите на свадбата.

Хари и Меган, во меѓувреме, објавија дека го одложуваат медениот месец поради службени обврски.