Мел Гибсон вели дека се кае што во кариерата одбил две големи улоги: Џејмс Бонд во 1980-тите и Максимус во „Гладијатор“ во 2000 година.
Говорејќи на настан во Орландо, Флорида, 69-годишниот актер рече:
„Се разбира дека се навраќам и си велам ‘Требаше тоа да го снимам‘. Ридли Скот ми го понуди ‘Гладијатор’, но одбив. Го снимав ‘Патриот’ и не можев да го снимам ‘Гладијатор’. Расел Кроу го сними и заврши одлична работа“.
Австралискиот актер сподели и дека во 1980-тите, откако се проби со „Побеснетиот Макс“, добил повик од продуцентот на франшизата „Џејмс Бонд“, Алберт Р. Броколи.
„Ми рече: ‘Сакаме ти да бидеш Џејмс Бонд‘. Имав 26 години и ми текна дека Шон Конери никогаш не излезе од сенката на тој лик. Да, го сними после ‘Недопирливите’, таму беше фантастичен, но со децении беше ‘заробен’ во ликот на 007. Затоа си реков дека не сакам да бидам Бонд, туку ќе снимам други филмови“, рече двократниот оскаровец.
Во 1980-тите ликот на Бонд го глумеа Роџер Мур и Тимоти Далтон.
(Фото: Гети)